По цел ден седите на работа? Ова е идеална храна за вас

Ако работите во канцеларија, на благајна, на компјутер или, всушност, речиси секоја работа која не е физичка, тогаш сигурно тешко можете да го избегнете осумчасовното седење, и тоа од ден во ден.

Бидејќи нашето тело еволуцијата не го создала за седење туку за движење, тоа има големо влијание (и тоа лошо) на организмот.

Кој долго седи, почесто е гладен, склон е на почести воспаленија, зголемен крвен притисок како и на зголемен шеќер. Поради тоа многу е важна здравата исхрана. Овие производи треба задолжително да се најдат на вашето мени:

1. Зрнесто овошје. Ако редовно го консумирате, можете да ги намалите воспалителните процеси во телото. Причина за тоа се флавоноидите кои зрнестото овошје ги содржи. Најдобро е веќе наутро да се изеде нешто од тоа вкусно овошје богато со вредни хранливи материи: смути од зрнесто овошје со мусли.

2. Јаткасти плодови. Во нив, на пример, во оревите, има многу омега-3 масни киселини. Бадемите изобилуваат и со антиоксиданти и со витамин Е. Тоа ги штити клетките и се грижи за убавата кожа.

3. Ананас. Ананасот е полн со бромелаин, кој дејствува противвоспалително.

4. Маслиново масло. Ова масло е вистинско магично оружје: дејствува противвоспалително и го намалува ризикот од болестите на циркулаторниот систем.

5. Куркума. Овој портокалов зачин не е добар само поради својот убав изглед, односно бојата која ѝ ја дава на храната – исклучително е здрав и дејствува противвоспалително.

6. Лук. Лукот е ароматичен додаток на разните јадења, но и успешно се бори против воспаленијата. Лукот, исто така, го регулира нивото на шеќер во крвта, како и маснотиите во крвта.

7. Мрсна риба. Помрсните риби, како лососот или харингата, содржат многу омега-3 масни киселини. На телото му се потребни тие киселини за важните процеси за размена на материите, а не може да ги произведе сам. Поради тоа е потребно дополнително да се внесуваат.

8. Авокадо. Се смета за најздравото овошје на светот. Олеинската киселина е една од најздравите состојки на авокадото. Тоа содржи мононезаситени маснотии, а тие го одржуваат здравјето на мускулните клетки, но и ефикасно се борат против масното ткиво на стомакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот