По четири часа активно рушење урнат е дел од дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митровски - Слободен печат.

Дел од дивоградбата кај ТЦ Мавровка е урнат попладнево по четири часа активно рушење со градежната механизацијата на ЈП за одржување на патишта. Уривањето започна под силно полициско обезбедување и голем медиумски интерес.

ВО ЖИВО: Почна уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровка

Владата вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Сопственикот на објектот Мевлудин Алити за време на уривањето, пред медиумите рече дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

За објектот што денеска се урива изминатиот период имаше дебати и полициска истрага. Откако општинските власти утврдија дека се работи за дивоградба, беше распишан тендер кој да го урива објектот, но никој не се јави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот