По Чешка, уште две држави се понудија да бидат домаќини на состанокот Бајден-Путин

Путин-Бајден/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Финска понуди да биде домаќин на самитот на американскиот и рускиот претседател Џозеф Бајден и Владимир Путин, соопшти денеска финското претседателство, а истото го направи и Австрија.

Финска, која веќе беше домаќин на самитот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Путин во јули 2018 година, им порача на Вашингтон и Москва дека е подготвена да организира состанок, што ќе биде прва средба меѓу двајцата претседатели, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нинисто.

За време на телефонскиот разговор со Путин во вторникот, Бајден понуди самит во трета земја во следните месеци. Кремљ потврди дека поканата пристигнала, но сè уште не соопшти дали ја прифаќа.

Австрија исто така изрази желба да биде домаќин на самит или други средби на високо ниво.

Разговорите за самитот доаѓаат во услови на новите санкции на САД кон Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот