По 91. пат дебармаалци со традиционалното оро ја почнаа Новата година

Според обичајот, на пладне, во 12 часот, се делеше погачата, а стариот кум му ја предаде „титулата” на новиот, кој идната година треба да ја организира прославата.

Со песна и оро пред култната кафеана Идадија, со топла ракија и закуска, жителите на Дебар Маало денеска традиционално ја почнаа Новата година.

„Македонско девојче”, „Ој Вардаре, Македонски”, „Бисер Балкански”, беа само некои од песните што можеа да се слушнат на орото.

Според обичајот, на пладне, во 12 часот, се делеше погачата, а стариот кум му ја предаде „титулата” на новиот, кој идната година треба да ја организира прославата.

-Се собравме уште еднаш да ја прослаиме Новата година со нашето дебармаалско оро. Им посакувам на сите граѓани годинава да имаме повеќе радост и среќа, рече досегашниот кум Роберт Бојаџиев, предавајќи му го кумството на Тони Стојановски, со желба традицијата да продолжи.

Како што истакна Стојановски, додека постојат ваквите обичаи, ќе постои и македонскиот народ.

-Пред напливот на светското глобализациско чудовиште малите народи како македонскиот може да застанат исправено само со традиција, а оваа тадиција трае 91 година. Без оглед што е мала, таа е нешто големо за сите нас. На сите Македонци, без оглед каде и да се, од тука, ние дебармаалците им порачуваме дека додека постојат ваквите мали обичаи и ние ќе постоиме без оглед какви се нашите надворешни или внатрешни пријатели, а, за жал, ги има, истакна новиот кум Стојановски.

Некои од староседелците велат дека дебармаалската традиција почнала во 1928 година и наскоро се очекува да одбележи еден век постоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот