По 7 000 денари за новороденче добија 110 семејства во Центар

Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на 110 семејства со новороденчиња им додели решенија за парична помош од по 7000 денари и други пригодни подароци.

Дечињата се наша најголема радост. Приновата во семејството значи нова среќа, нов мотив да работиме и истваруваме повеќе за нивна подобра иднина. Затоа наша задача е да направиме поубаво и подобро општество за сите нови генерации во општината. Мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство – рече Герасимовски.

За добивање на парична помош за новороденче потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти на родителите или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот