По 61 година разјаснета мистериозната смрт на планинарите на Урал (ФОТО+ВИДЕО)

Група од 9 студенти од локалниот технички универзитет тргнала на последното планинарско патување во февруари 1959 година. Се сликале и воделе дневници во кои ја опишале веселата атмосфера и секојдневните доживувања, кои не укажувале на нешто невообичаено.

принтскрин

Меѓутоа, бидејќи не пратиле сигнал од планинското одредиште, спасувачките екипи тргнале во потрага по нив. Глетката што ги дочекала била застрашувачка.

принтскрин

Нивниот шатор бил на падината која жителите на тој крај ја нарекуваат Планина на смртта. Шаторот бил празен и однатре бил расечен со остар предмет. Сите работи, вклучително и облеката и обувките биле во шаторот недопрени. Поради тоа многумина веруваат дека планинарите побегнале во паничен страв.

принтскрин

Спасувачките екипи ги следеле трагите во снегот кои ги направиле босоногите планинари, трчајќи во непозната насока. Телата на двајца планинари само во долна облека пронајдени се околу 1,3 километри од шаторот, на работ од шумата, замрзнати. Запалиле мал оган, ама тоа не им помогнало.

принтскрин

Уште три тела биле откриени на патот што водел од шаторот.

По неколку месеци биле пронајдени телата на другите четворица планинари. Биле топло облечени во облеката на нивните пријатели кои биле пронајдени на работ од шумата во долна облека.

принтскрин

Се претпоставувало дека биле надвор од шаторот кога и ако биле нападнати, но се поставувало и прашањето зошто носеле туѓа облека?

Четворица од планинарите (сите имале меѓу 20 и 30 години) добиле тешки внатрешни повреди, прелом на черепот и повреди во пределот на градите. На една жена ѝ биле ископани очите, ѝ недостасувал дел од усната, а јазикот ѝ бил искорнат. Надворешни повреди немале. 

принтскрин

Во првите извештаи на властите се зборувало дека кожата и косата на некои од загинатите станале сиви и дека била измерена радиоактивност на нивната облека.

Аутопсијата покажала дека биле изложени на некој радиоактивен материјал, но властите тоа никогаш не сакале да го коментиораат.

Заклучокот на претходната истрага бил дека сите планинари ги убила „непозната силна сила“.

После тоа се појавиле повеќе од 70 теории за можната причина за нивната смрт – од тајни воени тестови, зрачење, па сè до НЛО и до паранормални сили.

принтскрин

Случајот затворен

Новата истрага била отворена пред повеќе од една година за да се утврди што навистина се случило пред 61 година.

Андреј Курјаков од регионалното обвинителство во саботата ги објави резултатите од истрагата, според кои, за смртта на планинарите биле виновни природните причини. Според руската новинска агенција РИА новости, Курјаков рекол дека најверојатното објаснување е лавината што започнала додека групата спиела во планината на околу 2.000 километри источно од Москва. Планинарите успеале да ги напуштат своите шатори и да се засолнат под падината кога врз нив паднала лавината. Ништо повеќе не можело да се види од снегот и тие на крајот замрзнале, рекол тој, додавајќи дека температурата била минус 30 степени Целзиусови.

принтскрин

„Истражувани се повеќе од 70 можни околности на смртта и направени се експерименти, изјавил рускиот обвинител. Повредите биле карактеристични за жртвите на лавини“, рекол Курјаков и додал дека тој сега смета дека случајот е затворен.

Членовите на семејството на жртвите веќе изјавија дека не веруваат во верзијата на обвинителот за трагичниот настан.

Според експертите, лавината не е невозможно објаснување бидејќи дезориентираните планинари често ја соблекуваат облеката бидејќи мозокот им праѓа сигнали дека се во пламен и горат (иако всушност се смрзнуваат), но тоа не ги објаснува останатите мистерии како повредите, радиоактивноста и носењето туѓа облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот