По 40 години Прилеп ќе добие нова детска градинка

Фото: Архива

 За седум месеци, а по 40-ина години, Прилеп ќе добие нова современа детска градинка според сите стандарди за престој на децата и функционална со енергетска ефикасност.

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, заедно со прилепскиот градоначалник и министерот за здравство Венко Филипче денеска и официјално го означија почетокот на градежните работи на градинката со капацитет за згрижување на 252 деца во прилепската населба Точила. Финансиската конструкција од 133 милиона денари е обезбедена од локалниот буџет на општина Прилеп.

Според премиерот Зоран Заев, истакна дека особено важна карактеристика на овој проект е што ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност, со блиску до нула енергетска потрошувачка, со  А+ енергетска класа.

-Иновативноста на проектот оди  уште чекор понатаму и предвидува покрив како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Предностите на зелените покриви се многу на број. Како топлинска изолација овозможуваат и до 20% помала потрошувачка на енергија за греење и ладење на објектот. Дополнително, на кровната тераса се наоѓа фотоволтаична постројка со капацитет од 20kW за производство на струја која ќе се користи за потребите на самата  градинка со што се создаваат услови за значителна финансиска заштеда”,изјави Заев.

Заев додаде дека со објектот е обезбедено и поврзување со системот за гасификација бидејќи Општина Прилеп е меѓу првите општини што ќе добие локална, секундарна мрежа за гас.

-Ова го нагласувам и поради фактот што децата во оваа градинка ќе ги добијат и првите лекции и ќе бидат на тој начин воспитувани за придобивките на зелените политики преку примерот на нивната градинка. Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата, но и на локалните самоуправи. Во текот на оваа година ќе бидат довршени уште 13 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на проекти за изградба на нови објекти за згрижување на деца”, потенцираше премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска изјави дека радува фактот што по 40 години во Прилеп се гради нова градинка и градењето нови и проширувањето на другите градинки е еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика. До крајот на годината во држава ќе има уште 14 градинки.

-Покрај изградбата и проширување на капацитетите, вложуваме и во зајакнувањето на компетенциите на стручниот кадар, кој треба да биде подготвен да одговори на сите предизвици. Денешниот настан е уште еден позитивен пример за одличната соработка меѓу локалната и централната власт, рече Шахпаска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го потенцираше фактот новата градинка е целосно финансирана со 133 милиона денари од локалниот буџет и ќе биде готова за седум месеци.

-Со гордост може да истакнам дека за седум месеци од денеска, колку што е и предвидено да трае изградбата на објектот, Прилеп ќе добие нова, современа и европска детска градинка, една од најубавите во државава, рече Јованоски на настанот по повод стартот на работите на новата градинка во Прилеп, рече Јованоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот