22 C
Скопје

По 36 години работен стаж и на ден пред инаугурацијата на Бајден: Директорката на ЦИА поднесе оставка

Директорката на ЦИА, Џина Хаспел, назначена од претседателот во заминување Доналд Трамп, поднесе оставка и ја напушти разузнавачката агенција по 36 години работа во неа на ден пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Во изјавата објавена на налогот на ЦИА на Твитер, Хаспел посочи дека е „многу горда на заедничката работа”, пренесува порталот Форбс.

– Најголемата чест во мојот живот беше тоа што бев шеф на оваа организација, напиша Хаспел на Твитер.

Џина Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА во 2018 година, како прва жена на таа позиција, а беше поставена на таа функција на местото на Мајк Помпео, која ја презеде функцијата државен секретар на САД.

Поврзани вести

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Слободен печат

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

Слободен печат

Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

Слободен Печат

Бесими – Јановски: Потпишан повеќегодишен Договор за грант од УСАИД, 8,2 милиона долари во првата година

Слободен печат

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Слободен печат

Заев за средбата Пендаровски – Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Слободен печат

Остави Коментар