По 3,5 години САД се враќаат во Советот на ОН за човекови права

Совет за човекови права на ОН / Фото: Архива

САД по 3,5 години по драматичното излегување се враќа во Советот на Обединети нации за човекови права.

Генералното собрание на ОН денеска избира нови членки во највисокото тело на ОН за човекови права, кои ќе имаат тригодишен мандат, што почнува од 1 јануари.

Иако членките се избираат со тајно гласање, изборите не се конкурентни, 18 земји кандидати пополнуваат 18 места. Задачата на Советот е да ја зајакне промоцијата и заштитата на човековите права во светот, да одговори на нивните прекршувања и да даде препораки.
САД се повлекоа од Советот во 2018 година, за време на мандатот на Доналд Трамп, кој го обвини телото на ОН за лицемерие и опседнатост со Израел.

Според неименувани дипломати, Кина го искористила отсуството на САД во Советот за да го прошири своето влијание.

Кинескиот амбасадор во ОН во Женева, Чен Ксу вчера изјави дека се надева оти САД „ќе водат конструктивен дијалог и оти нема да се обидат човековите права да ги претворат во политичко средство”.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот