По 35 години решена мистеријата на плочата на Бајага, програмерите го дешифрираа записот (ВИДЕО)

instagram

На Б страната од промотивниот сингл за албумот на „Бајага и инструктори“, под назив „Са друге стране јастука“ од 1985 година, се наоѓа компјутерска информација за Sinclair Spectrum, која беше мистерија за многумина, бидејќи во тоа време компјутерите беа далеку од секојдневие.

Меѓутоа, 35 години подоцна, мистеријата ја реши Марко Шолајиќ, корисник на Твитер, кој исто така се занимава со програмирање, а кој опиша како го декодирал овој запис.

Малку дигитална археологија од аналогниот период. Синглот на Бајага од 1985 година на Б страната имаше компјутерска информација за Sinclair Spectrum. Бидејќи никако не успеавме да откриеме што навистина е тоа, еден мој пријател го дигитализираше тој запис и го испрати на декодирање – вели Шолајиќ.

Програмата е дел од две различни примероци на плочата, но ниту еден без обработка не можеше да се вчита од почеток до крај. Грешката се појавува на околу 70 отсто, што веројатно е резултат на проблем во самото производство на плочата, а и матрицата не беше центрирана, па сигналот се губеше. Овие грешки во производството на плочата се манифестираа како грешки на ниво на битови, еден бит плус и декодирањето не е успешно. Преку најразлични аудиофилтри и со посебна обработка успеав да ја декодирам програмата, така што првиот дел не е во ред, но затоа вториот е добар. Со комбинација на овие делови, а знаејќи ја и точната должина на програмата, конечно добив програма која без грешка успеа да се вчита – објасни Шолајиќ и објави Јутјуб снимка на која се гледа што се случува кога програмата ќе започне со работа.

Кога програмата ќе почне со работа, на екранот всушност се појавуваат песните од тој албум заедно со нивните текстови. Исто така, секоја песна има своја различна позадина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот