По 32 години го пронашле киднапираниот син: Помогнала техниката за препознавање лица

Мао Јин од Кина по 32 години повторно е со своите биолошки родители.

Во 1988 година на еден брачен пар од Кина им било киднапирано тогаш двегодишното дете. Мао Јин бил украден од пред хотел, во моментот кога татко му се оддалечил накратко за да му донесе вода.

Потрагата била неуспешна повеќе од три децении

Откако родителите виделе дека им го нема детето, во обид да го најдатзапочнале голема потрага по него низ целата земја и дистрибуирале повеќе од 100.000 летоци. За жал, потрагата била безуспешна, а детето не било пронајдено.

Родителите биле упорни.

Емотивна средба

По повеќе од три децении, конечно родителите и Мао Јин повторно се заедно. Имено, во понеделникот кинеската полиција организирала прес-конференција на која присуствувале сите тројца, а на настанот му претходела емотивна средба. На средбата, сега веќе 34-годишниот маж изјавил дека има намера да помине некое време со своите родители.

Прочитајте и...  Мета - американскиот милијардер: Оваа „дипфејк" снимка го преплави интернетот во Русија (ВИДЕО)

– Би сакал да им се заблагодарам на десетиците илјади луѓе што ни помогнаа – рекла мајката на момчето.

Инаку, Мао е роден на 23 февруари 1986 година. Неговата мајка го опишала како „многу бистро, слатко и здраво дете“, објави Би-би-си.

Го пронашле по анонимна дојава

Во април годинава полицијата добила повик дека маж во Сечуан купил дете во 80-тите години на минатиот век. Преку техника за препознавање лица, стари фотографии од малиот Мао Јин биле споредени со националната база на податоци со фотографии и лични документи.

Тие му влегле во трага на Мао Јин во Сечуан, каде што тој раководел со продавница за внатрешно уредување. Со ДНК-тест е потврдено дека тој е киднапираното дете. Мао пораснал без да знае дека бил киднапиран и сега веќе не сака да ги напушти своите биолошки родители и со нив сака да живее.

Прочитајте и...  Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа

Киднапирањето се случило во рок од неколку минути

На судбоносниот 17 октомври 1988 година, таткото го возел момчето дома од градинка во градот Ксијан. Момчето се пожалило дека е жедно, па таткото застанал пред блискиот хотел за да побара вода. Сето тоа траело многу кратко време, но кога таткото се вратил, момчето веќе не било во автомобилот.

Родителите направиле сè што можеле за да го најдат, а мајката се откажала од својата работа за да може да се посвети само на потрагата.

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Бубалици“ призна дека никогаш не ја гледала серијата и дека имала мали „чудни“ ритуали

Слободен печат

Двејн Џонсон му се обрати на Доналд Трамп: Каде се наоѓаш, каде е нашиот лидер да пружи рака на скршената држава? (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Мета – американскиот милијардер: Оваа „дипфејк” снимка го преплави интернетот во Русија (ВИДЕО)

Слободен печат

Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа

Слободен печат

Најжешкиот танц на Анастасија Ражнатовиќ досега: Новопечената тетка замеша со задникот! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја загуби битката со ракот – Почина во домот на најдобрата пријателка

Слободен печат

Беквалац го одржа првиот настап по пандемијата: На публиката и приреди ноќ за паметење! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сара Џесика Паркер заврши на суд – Нејзината работничка ја обвини дека е лоша газдарица!

Слободен печат

Дани Димитровска е вистински доказ дека годините се само бројка: Погледнете колку полни денес! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кајли Миног повеќе заработува од продажба на производи отколку од пеење: На патот и стои само – Кајли!

Слободен печат

Четири успешни приказни со пораки за безбедност на работното место – Заштитата е на прво место! (ВИДЕО)

Васко Спасоски