По 3. 500 денари за 767 првачиња од Општина Аеродром, ама по изборите

Парична помош за првачињата од Аеродром/Фото: Општина Аеродром

Вкупно 767 првачиња кои посетуваат настава во некое од основните училишта кои се наоѓаат на територија на Општина Аеродром, ќе добијат еднократна парична помош во висина од 3.500 денари.

Како што информираат од оваа скопска општина, решенијата за доделување на средствата веќе се изготвени, но исплатата ќе биде извршена по завршувањето на изборниот процес.

Изготвени се 767 Решенија за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром. 12 барања се одбиени поради некомплетна документација. Исплатата ќе се изврши по завршување на изборниот процес – информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром.

Целта на овој проект според општинските власти е да им се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, а за таа намена од општинскиот буџет се издвоени 3. 100.000 денари.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можеа да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром во периодот од  4.6.2021 па се до 30.9.2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот