По 20 дена поминати во карантин мислел дека халуцинира кога го видел ова на ѕидот од соседната зграда (ВИДЕО)

Кога сте во карантин 20 дена и кога прозорецот ви е единствен контакт со надворешниот свет, тогаш необичните работи кои ги гледате низ него можат да ве исплашат, но и насмеат.

За среќа, му се случи ова второто на еден Бразилец од Виториа кој е затворен дома во станот со целото семејство: сопругата синот и ќерката поради коронавирусот.

-Одеднаш забележав дека нешто чудно се случува во соседството. Дојдов до прозорецот и видод на зградата покрај мојата како сосед ја проектира познатата игра од 90-тите „Стрит Фајтер 2“. Бидејќи и јас често ја играв како тинејџер, се воодушевив што повторно ја гледам, напиша овој Бразилец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот