По 14ти пат Младински лидерски камп (Young men’s leadership project)

Младинската Асоцијација ИМКА во соработка со Мировниот Корпус и оваа година го организира Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project).

На кампот учествуваат 52 средношколци од Македонија поддржани од 36 волонтери и персонал. Кампот се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево вопериодот 14-21јули 2019.

Како што информираат од асоцијацијата, наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и личен развој. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација,уметничко изразување и други кориснии практични вештини, велат од ИМКА.

Мисијата на ИМКА и на овие кампови е оспособување на младите луѓе и развивање навродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини изнаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски исоцијални вештини кај младите.

Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено, информираат од младинската асоцијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот