По 14 спонтани абортуси поранешна Мис на светот роди близнаци

Instagram

Поранешната Мис на светот Росана Дејвидсон (36) потврди дека родила момчиња близнаци откако претходно претрпела 14 спонтани абортуси. Манекенката се огласи на својот Инстаграм профил во вторникот и сподели фотографија на која е заедно со нејзините штотуку родени синови Уго и Оскар и сопругот Вес Квирк.

Росана отворно зборуваше во врска со нејзините проблеми со плодноста како и за својата ќерка Софија која минатиот ноември со нејзиниот сопруг ја добија преку сурогат мајка. Лекарите ја советувале дека тоа е нејзината најдобра опција со цел да си ја исполни желбата да стане родител.

Instagram
Instagram

Ирската убавица се породи во Даблин и изјави дека со нејзиниот сопруг се пресреќни.

Туку така, станавме петчлено семејство и сите наши соништа се остварија. Ние сме длабоко благодарни на прекрасниот и вреден тим во болницата за сета нивна љубезност и поддршка“, напиша Росана.

Instagram
Instagram

Заблагодарувајќи им се на своите следбеници таа напиша: „Ви благодарам многу за сите ваши прекрасни пораки, коментари, текстови и добри желби.“

Instagram
Instagram

Поранешната мисица отворено зборуваше за болката и нејзините четиринаесет загуби во изминатите неколку години, за сите предизвици како и за гестацискиот сурогат.

Росана вели дека нејзиниот лекар не може да понуди медицинско објаснување што се случило со нејзиното тело овој пак и како била во можност да ја одржи бременоста до крај. На своите следбеници, обожаватели и пријатели им порача никогаш да не губат надеж и дека чудата се случуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот