По 14 години ја озаконија љубовта: Се омажи внуката на принцезата Дијана, Лејди Амелија Спенсер

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Внуката на покојната принцеза Дијана се омажи, Лејди Амелија Спенсер за својот долгогодишен партнер, Грег Малет. Грег ја побара раката на својата сакана пред три години. Церемонијата се одржа во Јужна Африка, по желба на Амелија, каде убавицата поминала добар дел од своето детство откако нејзините родители, Чарлс Спенсер и Викторија Ајткен се разведоа.

Амелија со нејзината близначка Елиза, нејзината постара сестра Кити и најмладиот од куќата Луис, пораснаа во Кејп Таун. Лејди Амелија отсекогаш сонувала да ја прослави својата љубов во земјата која отсекогаш била дом за неа. Свадбената прослава  се одржа на поранешната фарма „Ла Кот“ која датира од 1698 година, во која сега се наоѓа одморалиште, во градот Франшхук, на околу 75 километри од Кејп Таун, пишува „Дејли меил“.


Амелија и Грег го кажале судбоносното „да“ пред семејствата и најблиските пријатели, а според медиумите на прославата присутвувале околу 100 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mujerhoy (@mujerhoy)


Само пред неколку дена „Дејли меил“ пишуваше дека венчавката би можела да се одржи во Алтроп Хаус во Нортхемптоншир, каде што е погребана принцезата Дијана.

Ваквите гласини ги „подгреа“ самата манекенка.

„Тоа е дом на нашите предци и наш семеен дом со генерации. Тешко ми е да замислам подобро место за стилска свадба“ – изјави претходно Амелија во интервју за неделникот „Хелоу“.

„Јас сум страсна личност, како мојата покојна тетка, верувам дека оваа особина ја наследив од неа“ – откри манекенката во истото интервју.

Претходно пак, нејзиниот вереник Грег сподели заедничка фотографија на Инстаграм со натпис: „Уште малку“, со што јасно стави до знаење дека се подготвуваат за венчавката по 14 годишна врска.

Внуките на принцезата Дијана за никогаш непрежалената тетка: Никој не знаеше дека таа ни ги спаси животите!

ФОТО | Овие две убавици се внуки на принцезата Дијана и најпознати аристократки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот