По 117 години, „кралевите“формираа женски тим

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Најпознатиот фудбалски клуб во светот, Реал Мадрид, кој постои 117 години, дури сега ќе добие женски тим. Реал Мадрид, кој 13 пати триумфира во Лигата на шампионите  е единствениот тим од Шпанија од големата шесторка (Реал, Атлетико, Барселона, Валенсија, Севиља, Атлетик)  кој нема женски тим.

Во текот на наредната недела управата на Реал Мадрид ќе одржи состанок на кој ќе се усвои одлуката да се купи локалниот женски тим Клуб Депортиво Такон за сума од 400.000 евра. Такон кој настапува во мадрискиот кварт Хорталеза, беше успеа да се избори за пласман во женската Ла Лига.

Такон е формиран во 2014 година, а во управата на „кралскиот“ клуб, размислуваат да го преименуваат во Реал Мадрид, веднаш по купувањето.
Се очекува женската екипа да тренира со спортскиот центар на Реал Мадрид во Валдебебас, каде што тренира и машкиот тим.

Тренер на екипата ќе остане Давид Азнар кој успеа да го донесе Такон во првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот