По 11 Септември, корона вирусот најголема закана за туризмот во САД

Околу четири милиони вработени во туризмот би можеле да останат без работа предупредува Американската асоцијација за хотелско и друг вид сместување.

Речиси 44 отсто од вработените во хотелите во САД би можеле да останат без работа поради новиот коронавирус.

Најголеми последици и загуби, според првиот човек на Асоцијацијата за хотелско и друг вид сместување, Чип Роџерс, ќе претрпат главните туристички центри – Њујорк, Калифорнија, Невада и Флорида, кои годишно се посетени од околу 125 милиони домашни и странски туристи.

– Влијанието врз нашата индустрија е многу посериозно од се она што досега сме го доживеале, вклучувајќи ги и терористичките напади на 11 септември 2001 година и големата рецесија во 2008 година, истакна Роџерс.

Според него, Белата куќа и Конгресот мораат да преземат итни мерки за заштита на огромен број работни места, „да им се дадат олеснувања на вредните работници и да им се обезбеди на раководствата на малите претпријатија и на сопствениците на франшизи, кои претставуваат над половина од хотелите во САД, да можат и понатаму да ги остават своите врати отворени за работниците”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот