4 C
Скопје

По 10 дена струшките чешми повторно со чиста вода

Водата од струшкиот водовод е конечно чиста по десетдневното заматување, информираат од комуналното претпријатие Водовод од Струга. „Штотуку ме информираа телефонски дека анализите покажале дека водата е добра за пиење“, изјави за „Слободен печат“ Дашмир Насуф, директор на струшки Водовод.

Тој сепак напомена дека е потребно да им биде доставено писмено известување од Центарот за јавно здравје за да можат и официјално да ги известат жителите на Струга дека водата од чешмите е безбедна за пиење.

Водата од струшкиот водовод беше неисправна за пиење бидејќи од чешмите им течеше матна и нечиста вода. Забрана за користење на водата од градскиот водовод даде и Центарот за јавно здравје кој по направените анализи утврди дека водата од градските чешми не е безбедна за пиење. Причина, според директорот на струшкиот водовод се двете мини хидроцентрали поставени на цевките на градскиот водовод, кои по дождовите почнале да испуштаат повеќе вода поради поголемиот прилив, со цел да прават повеќе електрична енергија.

Прочитајте и...  Седумнаесет години од смртта на претседателот Трајковски и членовите на делегацијата

„Хидроцентралите се кај село Шум на Јабланица и тие испуштале вода по цевки кои претходно со месеци биле празни поради сушата“, појаснува Насуф. Тој информираше дека било исконтактирано со сопствениците на малите хидроцентрали и им бил испратен допис во кој се бара да превземат мерки и доколку не одговорат, струшки Водовод ќе им го раскине договорот и ќе бара отстранување на објектите.

Стружани изминативе денови револтирано коментираа затоа што во услови на пандемија се оставени без чиста вода за пиење и хигиенски потреби. По дождовите на почетокот на месецов проблеми со водоснабдувањето поради заматување на подземните и на надземните извори имаше и во полошките општини, односно во тетовско и гостиварско.

Прочитајте и...  Мисајловски: Да ги тргнеме овие луѓе кои ја однесоа Македонија во бездна

 

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар