По 10.000 евра им земале на Балканци за фиктивен брак, уапсени Срби во Австрија

Склучување брак /Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Австриската полиција послед подолга истрага разби организирана група, предводена од државјани на Србија, која посредувала во склопување фиктивни бракови за граѓаните од Балканот, кои на тој начин доаѓале до австриски дозволи за престој и за работа, јави денеска агенцијата АПА, пренесува Бета.

Шефот на групата, 42-годишен државјанин на Србија е осомничен дека со двајца соочесници, државјани на Австрија, организирале 27 фиктивни бракови за граѓани од Србија, Босна и Косово, кои така, како сопружници на лица од ЕУ стекнувале право на работа и престој во Австрија.

Невестите најчесто биле од Унгарија, а осомничените по брак, просечно земале 10.000 евра, а браковите главно се склопувани пред матичните служби во Србија, јавува АПА.

Осомничените за петцифрена сума не посредувале само во склопувањето на фингирани бракови, туку на своите клинети има обезбедувала и потврди за вработување во фиктивни фирми во Виена, што им овозможувало да добијат дозволи за престој и за работа и да уживаат австриски социјални бенефиции.

Полицијата против осомничените поднесе вкупно 59 пријави кои се однесуваат на организирано помагање во кршењето на закони за престој на странци, посредување во склопувањето на лажни бракови и фалсификување на исправи. Во истрагата се сослушани 48 лица, а за уште девет лица се распишани потерници, пренесе австриска АПА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот