По 1.000 луѓе се враќаат од австриските граници секој ден заради построгите мерки за влез во земјата
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер истакна дека, врз основа на построгиот режим за влез во Австрија, по 1.000 луѓе се враќаат од границите секој ден.
Од 19 декември, Австрија воведе построги мерки за влез во земјата, кои предвидуваат задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.
Во согласност со примената на тој режим, контролите на патниците се зајакнати.
Според министерот, досега се извршени над 300.000 контроли на патници, а во првите пет дена, на 5.000 лица им е одбиен влез во земјата.
Исто така, за 10.000 луѓе беше наложен карантин.