„ПНВ Публикации“ ја промовираше збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија“ од Златко Ѓелески

Издавачот „ПНВ Публикации“ на 29 јуни на платото пред МКЦ ја промовираше збирката филмски рецензии и есеи „Видеологија“ од Златко Ѓелески. Во книгата се објавени филмски рецензии и есеи за домашни и странски филмови што се појавија во 2019 и 2020 година.

Книгата е поделена на два дела, од кои првиот дел содржи анализа на долгите и на кратките играни и документарни филмови што беа продуцирани и снимени во нашата земја, а вториот дел од книгата содржи избор на дваесет најквалитетни играни и документарни филмови што се појавија во 2019 и во 2020 година во светски рамки.

Книгата има за цел да претставува еден вид огледало и на домашната и на светската филмска сцена, да се воочат начелата според кои е препознаен стилскиот израз на домашните филмски автори, наспроти визуелниот маниризам на реномираните светски филмски автори, како и на младите гласови што пирово се пробиваат во рамките на квантитативната понуда на филмски дела. Оваа книга на читателот му ги доближува значајните актуелни остварувања, со тенденција да прерасне во книжевен серијал, со цел објективно да ги истакне високите естетски вредности на модерниот филм.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 87, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот