„ПНВ Публикации“ ја промовираше книгата „Меч од мечти“ на Диме Данов

Промоцијата на книгата „Меч од мечти“, прва стихозбирка на Диме Данов, во издание на „ПНВ Публикации“, се одржа на 5 јули на платото пред МКЦ во Скопје. Излегувањето на изданието е поддржано од Министерството за култура.

– Специфичен и загатлив, социјално ангажиран, мистичен и урбан истовремено, на моменти архаичен, на моменти модерен, Диме Данов умешно го гради својот поетски свет. Во неговиот книжевен трем ни нуди зборови што претходно грижливо и внимателно ги подготвил во композиции што потсетуваат на кодирани откинати сеќавања од животот, остава клучеви-симболи што го одредуваат точното енергетско прелетување низ традицијата, неговите персонализирани обичаи и ритуали, патеките и маалото во кое растел, силните раце на дедо му, поповката и преминот, трансмиграцијата во сегашноста, во моментот сега и овде, каде што сѐ е поразлично.

Овие скици за еден живот се огласуваат низ поетските канали на универзумот, неколебливо шумолат како нов извор во поетската планина, ова поетско писмо се лепи за грлото, формира посебно и уникатно чувство на спознаеност и остава трага во нашето постоење – забележува поетот Митко Гогов.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 88, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-11 јули 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот