ПМГ Џез: Промовирани се пет нови изданија со современа македонска џез-музика

Дискографската куќа „ПМГ Џез“ ја заокружи иницијативата „5Џ“, во чии рамки беа промовирани пет нови албумски изданија со современа македонска џез-музика. Секој петок од 17 април до 15 мај беше промовирано по едно издание, со што „ПМГ Џез“ веќе има 15-ина џез-албуми во својата дискографска колекција.

– Фразата „Нов бран“ е повторно актуелна во македонското музичко секојдневие, но овој пат е фокусирана на вибрантната млада џез-сцена, која полека се открива со целата своја раскош, квалитет и автентичност. Нашата земја е преполна со музички таленти и луѓе со сјајни идеи, само е потребно некој тоа да го регистрира и да го изнесе на виделина – велат од „ПМГ Џез“.

Македонската дискографија е збогатена со нови извонредни албуми на Јордан Костов квинтет, групите „Светлост“, „Сетстат“ и Мирко Попов (албум снимен во живо), „СД4“ и „Кобалт код јунит“. Покрај интересот за објавување албуми со џез-музика, од „ПМГ Џез“ најавуваат и нов џез-фестивал, чија реализација во овој период е спречена од коронавирусот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 31, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот