ПМФЛ: Лидерот Струга победнички во Кратово

Фото: FC Struga

Попладнево се одигра првиот натпревар од 16. коло во македонската прва лига, а во него лидерот Струга Трим Лум забележа победа во Кратово против Силекс со 1:2.

Победата за фаворитот во овој натпревар ја обезбедија Ибраими и Малески, Ристовски беше стрелец за Силекс.

Сега Струга е на чекор од тоа да биде есенски шампион за оваа сезона. Натпреварот беше отворен после 10 минути игра, Љамалари стартуваше над Ибраими во шеснасетникот и судијата покажа на белата точка. Токму и Ибраими беше сигурен реализатор на истиот.

Работата за Силекс стана потешка кога во 22. минута Љамалари заработи втор жолт картон и предвреме беше испратен во соблекувалната. Само три минути по неговото исклучување Малески зголеми на 0:2.

Се обидуваше Силекс во второто полувреме да дојде до гол и да направи нешто, сепак успеа само да го ублажи поразот преку Ристовски во 83. минута.

Преостанатите натпревари од ова коло се играат утре, а се сретнуваат:

Скопје – Академија Пандев

Победа – Шкупи

Работнички – Македонија Ѓорче Петров

Шкендија – Тиквеш

Сите натпревари се играат од 13:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот