Пловидба низ океан никогаш не била ПОЧУДНА – Насекаде имало КАМЕЊА (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Австралискиот пар Мајкл и Лариса Холт со јахта пловеле накај Фиџи кога влегле во необично подрачје од 150 километри. Водата веќе не се гледала, а јахтата се пробиваше низ камења.

Се верува дека пред сето тоа претходела подводна ерупција на вулкан, кои камењата ги исфрлила на површина.

Фото: Принтскрин

Поединечни парчиња биле со големина на тениски, но и на кошаркарски топки.

„Осетивме благ, но силен мирис на сулфур“, рекле тие.

Јахтата прилично се забавила заради препреките на патот и пловела малку побрзо од милја на час.

Парот на друштвените мрежи објавиле слики од камењата, што бргу го привлекло вниманието на геолозите.

Тие сепак не го смениле курсот за да не го оштетат бродот. И покрај се, тие велат дека трупот на бродот никогаш не бил почист.

Слична глетка виделе и многу други морнари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот