„Плоштад Слобода” бара продолжување на рокот за забелешки за Предлог ДУП-от за Мал Ринг

Здружението „Плоштад Слобода” до градоначалникот и Советот на Општина Центар упати барање да го продолжат рокот предвиден за одржување на јавната анкета по Предлог-ДУП Мал Ринг со цел, како што велат, тие да можат да доставуваат анкетни листови со забелешки.

Од здружението велат дека барањето го поднесуваат поради тоа што биле одбиени сите апели на професионалните и граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог – планот од јавна анкета, поради, како што потенцираат, недемократскиот потенцијал на организирање на јавна презентација и анкета по еден од најкритичните предлог – планови во Општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја.

-Поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема,
а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ, поголемиот број забелешки за содржината на предлог – планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог – планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог – планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31 август 2020 година, велат од „Плоштад Слобода”.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до семејството на Амди Бајрам

Од здружението потенцираат дека само со дијалог и соработка можеме да се гради меѓусебната доверба, да се носат соодветни јавни политики и да имаме стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Предлот ДУП-от за Мал Ринг беше презентиран пред пет дена во Општина Центар.

Поврзани вести

Три жени од Кочани и Делчево починаа на штипското Инфективно одделение

Илинка Иљоска

Албанија последна во Европа по бројот на тестови за коронавирус, Мета побара итно зголемување

Илинка Иљоска

Еврозоната со најголем економски пад, закрепнувањето неизвесно

Илинка Иљоска

Заев: Зборуваме за резултати, за успеси, за подвизи, за преминати препреки и за многу победи

Илинка Иљоска

Шпанија прогласи вонредна состојба, воведен полициски час

Илинка Иљоска

Италија затвора повторно цели сектори поради епидеммијата

Илинка Иљоска

Остави Коментар