Пломба на угостителски објект во Гостивар, имaло гости и се забавувале со музика во живо

Фото: МИА

На вратата на угостителски објект во Гостивар ставена е „пломба” откако било констатирано дека е пречекорено работното време, а гостите се забавувале со музика која се изведувало во живо. Сопственикот бил приведен во полициска станица и ќе заработи кривична пријава.

Според МВР, синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, заедно сонинспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект кој работи во склоп на трговски центар на улицита „Илинденска” во Гостивар.

При контролата во објектот покрај сопственикот, биле затекнати десетина гости кои се забавувале со музика што ја изведувале музичари.

Објектот бил затворен, а сопственикот Ф.Б. (45) од селото Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот