Пливачки митинг „13 Ноември“: Се собраа сите познати пливачи од регионот и се срушија 13 државни рекорди

facebook.com/OpstinaKarpos

На меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ кој се одржа изминатиот викенд, 19-20 октомври 2019 година на базенот „Борис Трајковски“ во организација на Пливачкиот клуб „Бета Шаркс“ од Скопје соборени се 13 државни рекорди на Македонија во 25м базени.

Пливачката на ПВК Орион од Скопје Миа Крстевска постави нов апсолутен рекорд во дисциплината 200м грбно со време од 2:14:53.

Исто така пливачката на ПВК Орион од Скопје, Миа Блажевска Еминова постави дури 11 нови рекорди на Македонија и тоа:

Кадетски рекорд на 50м делфин – 28:51
Кадетски и младински рекорд на 100м слободно – 57:60
Кадетски и младински рекорд на 50м слободно 26:49
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 50м грбно – 29:91
Кадетски, младински и апсолутен рекорд на 100м мешано – 1:05:22

Пливачката на ПК Аква Про од Скопје, Ева Петровска постави нов Младински рекорд во дисциплината 200м делфин со време 2:20:23.

Овој митинг беше многу добро организиран, а тоа го потврди и претседателот на ПК „Бета Шаркс“, Миро Крстевски кој заедно со својот тим изразија задоволство поради ваквиот успешен пливачки митинг, и покрај сите пречки.

– Оваа година на меѓународниот пливачки натпревар кој го организиравме се соочивме со многу зли пречки, но негативците тимски ги прегазивме! Сакам да искажам огромна благодарност до сите клубови, пливачи, родители, гости од странство, спонзори и помагатели на овој натпревар без кои не би успеале вака успешно да го организираме овој сериозен натпревар. Продолжуваме тимски и сплотено чекор по чекор да ги остваруваме целите! Целите за подобро пливање во Македонија! – напиша Крстевски на Фејсбук.

Клубот „Бета Шаркс“ на овој митинг се претстави со млади и надежни пливачи кои остварија одлични резултати и кои влеваат надеж дека пливањето како спорт има иднина.

Една од надежите на „Бета Шаркс“, 10-годишната Сара Анастасовска

На турнирот присуствуваа и познати пливачи од регионот, меѓу нив рекордерката на Србија, Нина Станисављевиќ, како и Чаба Силаѓи директно од Светскиот куп во Берлин дојде на турнирот. Станува збор за поранешен освојувач на бронзен медал на ЕП во кратки базени.

Освојувачите на пехари меѓу кои и најмладиот, 9-годишниот Виктор Буклески

Сите резултати од меѓународниот пливачки митинг „13 Ноември“ можете да ги погледнете на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот