Пливачите расположени за соборување светски рекорди

На светското првенство во пливачки спортови кое се одржува во Јужна Кореја денеска се соборени два нови светски рекорди и тоа благодарение на австралиските пливачи.

Прво Метју Вилсон го собори светскиот рекорд на 200 метри градно, а неколку минути подоцна ново најдобро време постави и женската штафета на трката 4х200 метри слободно.

Вилсон најдоброто време на 200 метри градно го постави во полуфиналето и тоа изнесува 2:06.67 минути со што се промовира во најголем фаворит за златниот медал на финалната трка која ќе се одржи утре.

Неговите сонароднички во дисциплината 4х200метри слободно, Ариарне Титмус, Медисон Вилсон, Бриана Тросел и Ема Мекион,  исто така испливаа рекордно време. Новиот светски рекорд сега изнесува 7:41.50 минути со што го освоиија златниот медал. Сребрениот медал им припадна на Американките кои задоцнија 37 стотинки, додека бронзата им припадна на канадските пливачки.

Во досегашниот дел од СП, како прва ѕвезда се наметнува американскиот пливач, Кејлеб Дресел кој дојде до третиот златен медал. Тој со време од 46.96 секунди триумфира на трката на 100 метри слободно, пред Кајл Чалмерс од Австралија и Русинот Владислав Грињев.

Светски шампиони станаа уште и Богларка Капаш од Унгарија која триумфира на трката на 200 метри делфин, Американката Оливија Смолиги на 50 метри грбно и Јапонецот Далиу Сето кој победи на трката на 200 метри мешано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот