ПЛИВААТ ВО ПАРИ: Ливерпул повеќе од Сити, богатство и за „фенерџијата“!

EPA-EFE/PETER POWELL

Раководството на англискиот шампионат денеска објави колку заработија клубовите за настапите во текот на сезоната, бројки од кои без сомнение боли глава.

Доволно е само да се истакне дека последниот во Премиер лигата, екипата на Хадерсфилд заработи дури 96.628.865 милиони фунти што е нешто помалку од 110.000.000 евра. А сите останати ја надминаа границата од 100.000.000 фунти.

Интересен е податокот што шампионот Манчестер Сити заработи помалку од второпласираниот Ливерпул. „Граѓаните“ имаат приход од 150.986.355 фунти (или 171.202.673 евра), а Ливерпул 152.425.146 фунти или 172.843.110 милиони евра.

Таквата разлика е последица во тоа што во самото Обединето Кралство во директен пренос се емитувани 29 натпревари на Ливерпул, а 26 на Сити.

Секако и Манчестер Јунајтед е почесто пренесуван од Сити (27 пати), но да не го заборавиме угледот на „црвените ѓаволи“  не само во Обединетото Кралство, туку и во целиот свет. Сити едноставно мора уште да „расте“, иако два пати по ред ја освојува Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот