Пленковиќ: Не е време да се седи на две столчиња, Србија мора да избере страна

Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Сега не е време да се седи на две столчиња и Србија мора да избере страна, повика денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој ја коментираше откажаната посета на Белград од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според Пленковиќ, посетата „нема врска со Хрватска” и тоа е работа на Москва и Белград. Но, тој нагласи дека Србија „во вакви околности мора добро да внимава која страна ја бира”.

– Доколку земјата има амбиции да се движи кон Европската Унија, мора да се знае каде е. Сега не е време да се седи на две столчиња, изјави Пленковиќ на прес-конференција, каде ги претстави мерките за ублажување на цените на енергентите.

Лавров требаше да отпатува за Белград, но, посетата е откажана откако Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија, го затворија воздушниот простор.

Наместо да ја посети Србија, Лавров ќе одржи прес-конференција онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот