Пленковиќ му одговори на Вучиќ: Белград е преоптоварен со тоа што го пишуваат нашите медиуми

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека е во интерес на Загреб да ја „собори српската влада“. Пленковиќ пред новинарите изјави дека Хрватска „нема скриена агенда“ за соборување на која било влада во соседната земја, додавајќи дека Белград е премногу „оптоварен со пишувањето на хрватските медиуми“.
„Хрватската влада и хрватските институции немаат скриена агенда за соборување на која било влада во која било соседна земја, дури ни во Србија“, изјави Пленковиќ за новинаритe.
Тој, исто така, нагласи дека Хрватска сака да ги подобри односите со сите свои соседи.
„Сакаме Србија да биде стабилна и да ги реши своите проблеми во Србија“, додаде тој.
Еден ден претходно, Вучиќ рече дека Загреб и Приштина се заинтересирани да ја соборат владата преку протести, бидејќи тоа ја „ослабува Србија“.
Пленковиќ потврди дека хрватските војници „на никаков начин не биле вклучени во овие инциденти што се случија вчера“.