Пленковиќ и Милановиќ се скараа и околу задолжителната вакцинација: Дали после ќе ги прогонуваме луѓето кои имаат кариес?

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Владата на Хрватска е одлучна да воведе задолжителна имунизација за секторите здравство, образование и социјална политика.

Повикувајќи се на неофицијални информации, загребскиот портал Индекс пишува дека во владата одлучиле да следат потезите кои некои од земјите од ЕУ ги повлекоа.

Притисок врз јавниот сектор кога вакцинацијата е во прашање побараа и претприемачите откако стана јасно дека премиерот Андреј Пленковиќ цврсто одчучи дека поддршката за фирмите ќе ја услови со имунизација, односно со ковид потврди.

Од друга страна, претседателот Зоран Милановиќ е против ваков вид на притисок и најавената задолжителна вакцинација против коронавирусот и порача дека тоа не е политички паметно. Милановиќ кој денеска престојува во Пожега, запраша: „Што после. Дали ќе ги прогонуваме луѓето кои имаат кариес“.

Тој рече дека на секретарката нема да и даде отказ затоа што не се вакцинирала. Смета дека треба да се однесува на начинот на кој тоа го прават Британците.

-Ако ве штити вакцината, тоа е тоа. Имам лоша вест, сите ќе умреме еден ден, рече Милановиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот