Пленковиќ: Прво пукаат на нас, потоа не нè пуштаат во кафуле, што е наредно?

Во седиштето на ХДЗ се одржа заедничка седница на Претседателството и на Националниот совет на партијата преку видеолинк. По неа, премиерот Андреј Пленковиќ, во изјава за медиумите, меѓу другото, се осврна и на случајот со кафулето во Риека.

– Не сакам да водам полемика со сопственикот на „Три мајмуни“, рече Пленковиќ и повтори дека неговата порака оти членови на ХДЗ-овци не се добредојдени во локалот е фашистичка и расистичка.

– Да се забранува некому да влезе некаде е нешто друго. Ова не е прашање на место или на град во кој се случило, туку е прашање на порака, порача хрватскиот премиер.

Ова, според него, е јасен пример кој добива оддек во јавноста преку медиумите.

– И што да правиме сега? – Да молчиме на тоа? – Кој е нареден чекор? – Прво пукаме, потоа не пуштаме во кафулиња, што е трет чекор? – Кога некој ќе отиде на прошетка да добие даска по глава? – Тоа не може. Работоте мора да ги нарекуваме онакви какви што се. Ова е шовинизам и расизам. Кој е следен чекор, можете и сами да заклучите, додаде Пленковиќ.

Градоначалникот на Риека, Оберснел во отворено писмо до премиерот Пленковиќ напиша дека погрешна објава на еден угостител на социјалните мрежи што е веќе осудена од релевантната политика, „не е нешто за што се очекува реакција од премиерот каква што демонстрирал денеска“.

– Ако господинот од тие „Три мајмуни“ рекол „во локалот не може Срби, не смеат да дојдат Евреи, Роми, припадници на Армада, СДП-овци, ќе се дигнеше таква врева од која ќе ечеше цела Хрватска. Но, ако се рече „не можат ХДЗ-овци, тоа не е ништо“. Дури се бараат и оправдувања. Тоа се нарекува дискриминација, расизам, а нареден чекор е фашизам, беше реакцијата на Пленковиќ.

–  Во Риека нема ниту расизам, ниту фашизам во моделот во кој го прикажувате, му одговори Оберснел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот