Пленковиќ позитивен на ковид-19

Андреј Пленковиќ
Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET/ POOL

Следејќи ги препораките на епидемиологот, денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изврши повторен тест за присуство на коронавирусот, а неговиот тест е позитивен, изјави владиниот портпарол.

Премиерот претходно доби наредба за епидемиолошка мерка за самоизолација, а сега му е наредено да се изолира 10 дена.

Во моментов се чувствува добро, а своите активности и одговорности премиерот ќе продолжи да ги извршува од дома и ќе ги следи сите упатства на лекарите и епидемиолозите, се вели во соопштението.

На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му беше одредена десетдневна самоизолација, откако неговата сопруга се тестирала позитивна на ковид-19.

Ана Маслаќ Пленковиќ имала температура и тестот покажал дека е позитивна.

Пленковиќ во самоизолација: Сопругата на хрватскиот премиер позитивна на ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот