Пленковиќ потврди за разговори за набавка на руската вакцина против Ковид-19

Андреј Пленковиќ
Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET/ POOL

 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ потврди дека Владата водела првични разговори со руската страна за набавка на вакцината Спутник V.

– Aко таа вакцина добие одобрение од Европската агенција за лекови (ЕМА), ние сакаме да бидеме во позиција да го пополниме сегашниот недостиг на вакцини, изјави синоќа Пленковиќ, јави Хина.

Оценувајќи дека има многу „какофонија” во медиумите во врска со руската вакцина, премиерот потенцираше дека хрватската Влада работи во последните месеци за да обезбеди доволни количини за целото население, што, потсети, е негова одговорност.

– Хрватска е членка на Европската унија, постапката за заштита на здравјето на нашите сограѓани е дополнително зајакната со фактот дека сите лекови и вакцини што доаѓаат на нашиот пазар ги минуваат филтрите и контролите на Европската агенција за лекови, и на хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД), изјави Пленковиќ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот