Пленковиќ: Новата методологија на Франција ќе ги донесе земјите во различни положби

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ/ Фото: Архива на Слободен Печат

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, пред почетокот на Самитот на ЕУ, порача дека може да се расправа за нова методологија на преговарачкиот процес за земјите кандидати, но не и да се менуваат правилата сега.

Ова е одговор на шефот на хрватската влада на предлогот на Франција да се менува прво методологијата на преговорите пред да се започнат преговори со Северна Македонија и Албанија.

-Ова е прашање на кредибилитет на целиот процес, не може правилата да се менуваат додека се игра натпреварот, не е фер. Новата методологија, која ја сугерира пред сѐ Франција, ќе ги донесе земјите во различни положби, Србија и Црна Гора во однос на тоа што утре би го правеле Северна Македонија и Албанија со новата методологија, па што ли ќе биде со Босна и Косово. „Да” за расправа, но менување на правилата на игра во тек, „не” – рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Загреб поддржува отворање на преговорите со Скопје и Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот