Пленковиќ: Нема да користиме „Спутник V“ без зелено светло од ЕМА

Андреј Пленковиќ
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/Virginia Mayo / POOL

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ разјасни дека неговата земја нема да ја користи руската вакцина „Спутник V“ сè додека нема зелено светло од европската агенција за лекови, ЕМА. Андреј Пленковиќ ова го изјави во интервју за француската телевизија „Франс 24“ за време на неговата посета на Брисел.

– Рековме дека ќе ги започнеме разговорите со руската страна, но би ја користеле само откако биде одобрена од страна на ЕМА, рече Пленковиќ.

Запрашан што мисли за фактот дека Србија побрзо го вакцинира своето население од Хрватска, Пленковиќ рече дека Белград нема исти законски обврски бидејќи не е членка на ЕУ.

– Напредуваме, но чекаме ветените дози да пристигнат во Хрватска за да можеме да ја обезбедиме туристичката сезона, секако дека следиме сè што се случува во соседството, и во Унгарија, во Босна и Херцеговина исто така, Србија нема никаква обврска да следи што се случува во ЕУ, тие одлучија да веруваат во Кина и Русија за вакцините, но тие имаат различен правен режим и различна одговорност, нашиот пристап е внимателност, но сакаме да го забрзаме процесот, изјави хрватскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот