Пленковиќ ќе го објави составот на кабинетот по добивањето мандат

Конститутивната седница на парламентот треба да се одржи кон средината на следната недела.

Актуелниот и иден премиер Андреј Пленковиќ на денешната владина седница не го објави новиот состав на кабинетот, но ќе го стори тоа по средбата со претседателот Зоран Милановиќ, кој треба да му даде мандат за составот на новата влада.

Како што беше претходно најавено, Милановиќ и Пленковиќ треба да се сретнат околу пладне, кога старо-новиот премиер и лидер на ХДЗ ќе му ги достави на претседателот потписите на 76 членови на парламентарното мнозинство.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, конститутивната седница на парламентот треба да се одржи кон средината на следната недела, откако последната седница на Владата ќе се одржи во вторник.

– Денеска е денот кога ќе бидат објавени резултатите од изборите и откако ДИК ќе ги објави, ќе ги доставам потписите на мнозинството до претседателот Милановиќ за да добијам мандат, изјави Пленковиќ по седницата на Владата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот