Пленковиќ: Јавноста нека знае дека СДП е за Тито

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ/ Фото: Архива на Слободен Печат

Претседателот на опозициската Социјалдемократска партија на Хрватска (СДП), Давор Бернардиќ во првиот телевизиски дуел со лидерот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ ), Андреј Пленковиќ, рече дека кога треба да избере помеѓу Туѓман и Тито, го избира Тито, на што актуелниот премиер реагираше дека „тоа е неверојатно”.

– Во ред, јавноста нека знае дека СДП е за Тито, рече Пленковиќ во синоќешната дебата на  хрватската телевизија РТЛ. 

Пленковиќ рече дека тоа е неверојатно и дека лидерот на СДП „избра диктатор”.

Бернардиќ додаде дека и првиот претседател на самостојна Хрватска, Фрањо Туѓман, како што рече, имал свои заслуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот