Пленковиќ ја прифати оставката на министерот за одбрана

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ кој поднесе оставка по падот на воениот авион се состана со премиерот Пленковиќ.

Крстичевиќ поднесе оставка по падот на воениот авион во кој загинаа двајца припадници на хрватското воено воздухопловство блиску Задар.

Пленковиќ после состанокот рекол дека ја прифатил оставката, при што Дамир Крстичевиќ веќе не е министер за одбрана и потпретседател на владата.

– Одржав состанок со Крстичевиќ, тој ме извести за околностите. Не гледам ниту една причина за оставка. Но, разбрав дека оваа ситуација го погоди. Тој самиот беше војник, мој соработник и пријател, рече Пленковиќ.

Тој дополни дека не го смета за виновен Крстичевиќ.

– Вакви несреќи се случуваат. Жал ми е што тој така се чувствува. Го почитувам и затоа ја прифатив оставката. Нема да предложам нов министер за одбрана бидејќи владата е при крај, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот