Пленковиќ ги претстави приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ/ Фото: Архива на Слободен Печат

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска ги претстави четирите клучни приоритети на хрватското претседавање со Европска Унија, при тоа потенцирајќи оти ќе се залага за европска перспектива на земјите од регионот и за делотворна политика на проширување.

Тој приоритетите ги дефинира како „Европа која расте и која се развива, Европа која спојува, економски, енергетски и инфраструктурно, Европа која штити и Европа која е влијателна на глобален план”.

Пленковиќ посочи и дека во време на големи технолошки, геополитички и демографски промени на економијата и на пазарот на труд, ЕУ се соочува со се поголема конкуренција, посебно од Кина и од САД.

– Одговор на тоа е посилна Европа, која се развива и расте на балансиран и вклучителен начин. Тоа претпоставува продлабочување на нашиот единствен пазар, поттикнување на дигиталното работење и вложување во иновации и истражување со цел да би биле уште поконкурентни – потенцира Пленковиќ.

Тој се осврна и на развивање на еколошки одржлива економија што би придонела за подобра заштита на животната средина и борбата против климатските промени.

Пленковиќ зборувајќи за ЕУ и нејзиното влијание на глобален план истакна дека Хрватска и другите земји-членки најдобро можат да се носат со предизвиците на 21 век по пат на европско заедништво.

– Улогата на ЕУ како глобален фактор можеме да ја зацврстиме само со понатамошен развој на способностите и инструментите за заедничко дејствување во соочувањата со предизвиците како што е тероризмот, трговските војни или миграцијата – посочи Пленковиќ.

Тој додаде дека Европа мора да има „предводничка улога” во своето соседство и во светот.

– Сакаме Унијата да го задржи местото на водечки меѓународен фактор, посебно на водството во борба против климатските промени, промоција на ефикасно глобално управување, заштита на човековите права и јакнење на мултилатералната трговска рамка – истакна Пленковиќ.

Хрватска ќе претседава со ЕУ од 1 јануари до 1 јули идната година, а следниот мај ќе биде домаќин на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот