Пленковиќ ги откри носителите на листи на ХДЗ на престојните избори

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ/ Фото: Архива на Слободен Печат

Андреј Пленковиќ на Твитер објави кои ќе бидат носителите на листата на ХДЗ на престојните избори. Тие, според изборните единици се:

1. Андреј Пленковиќ
2️. Гордан Јандроковиќ
3️. Жарко Тушек
4️. Иван Анушиќ
5️. Здравко Мариќ
6️. Давор Божиновиќ
7️. Томо Медвед
8️. Олег Бутковиќ
9️. Иван Маленица
1️0️. Вили Берош

Иако се шпекулираше дека поранешниот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ би можел да ја води листата во изборната единица 10 која опфаќа поголем дел од Далмација, таму ќе биде министерот Вили Берош.

По состанокот на Претседателството премиерот даде кратка изјава за медиумите. Рече дека ХДЗ изборната програма ќе ја усвои на 8 јуни, а листите на 15 јуни. Договорени се носителите на листите, а останатите имиња ќе се објават за околу 2 недели.

Во врска со случај со Јосипа Римац, тој кратко рече: „Расправавме за ситуацијата на госпоѓа Римац. Претседателството најостро ги осуди нејзините активности, а жупаниските ограноци итно ќе покренат судски постапки против сите инволвирани. Не сакаме неодговорно однесување на поедници кои влијаат врз сликата за ХДЗ“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот