Пленковиќ: ЕПП е семејство на заеднички вредности

Во пресрет на денешниот почеток на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленкови  порача дека ХДЗ има чест да го организира овој голем собир на политичкото семјство, што за неговата партија претставува „семејство на заеднички вредности”

Пленковиќ ова им го изјави по средбата со претседателот на ЕПП во заминување, Жозеф Дол, и додаде дека тие вредности се поддршка на универзалниот хуманизам, европските вредности, народништвото, патриотизмот и државотворноста.

-Семејството на нардоњаците даде придонес од самото формирање на Европската унија. Токму тој факт не обврзува и во услови на новиот Европски парламент и скорешниот почеток на работата на новата Европска комисија, на чело со Урсула фон дер Лајен, која доаѓа од нашето политичко семејство. Нејзината програма е компатибилна со приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ- рече Пленковиќ.

Тој додаде дека ХДЗ предложило две резолуции: едната за политиката на проширување и втората за демографската ревитализација на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот