Плеј-офот во НБА започна со трилер победа на Денвер (ВИДЕО)

твитер

Кошаркарите на Денвер нагетс со 133:125 ја совладаа Јута џез во првиот натпревар од разигрувањето за титулата во НБА лигата иако бекот на „џезерите“ постигна дури 57. поени.

Иако се очекуваше натпреварот да го одбележат едни од најдобрите центри во НБА лигата, Никола Јокиќ од едната и Руди Гобер од другата страна, шоуто на стартот од плеј-офот го приредија бековите Донован Мичел и Џамал Мареј, а победникот беше одлучен дури по продолжението од пет минути.

Денвер беше подобар тим во првото полувреме и го контролираше резултатот, а нивната предност во еден момент изнесуваше дури и 12 поени. Но, во вториот дел уследи голем пад во играта на третиот најдобар тим од Западната конференвија со што и овозможи на Јута да ја врати резултатската неизвесност, но никако не успеа да направи поголема предност од пет поени.

Израмнетата игра донесе неизвесен финиш во регуларниот дел, а последната минута помина во пенал завршница. Прво Јокиќ постигна поени со кои го донесе Денвер пред победа, но Мичеч кој натпреварот го заврши со дури 57. постигнати поени веднаш бвозврати. Потоа до крајот на натпреварот останаа 22 секунди, но Јокиќ не го реализира шутот за победа по што натпреварот замина во продолжение.
Во дополнителните пет минути, кошаркарите на Денвер брзо успеаја да направат двоцифрена предност и да поведат во серијата кој прв до четири победи.
Денвер до победата го предводеше Џамал Мареј со 36 поени, девет асистенции и пет скока, додека Јокиќ имаше учинок од 29 поени и 10 скокови. На спротивната страна, Донован Мичел уфрли 57 поени што претставува клупски рекорд на Јута во плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот