Плеј-оф, полуфинале: „Брејк“ на МЗТ Скопје Аеродром во Битола!

Фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром направи голем огромен чекор на патот кон учество во уште една финална серија од плеј-офот во најдобрата македонска лига.

Против „дебитантот“ во еден ваков полуфинален систем од финалната фаза на првенството, битолски Пелистер, екипата од Аеродром можеби најавува големо враќање во трката за титулата во шампионатот.

Неверојатен почеток имаше битолската екипа, иако доста ослабена, без неиграњето на капитенот Бојан Трајковски, и недостигот на првиот тренер, Марјан Илиевски.

„Металците“ ги стигнаа почетните (0:14), престигнаа и уште повисоки (20:36) во втората четвртина. И дојдоа до планираната цел- победа во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот со резултат 79:72 за водство од 1:0 во серијата.

36:20 стоеше на семафорот во 14 минута од овој прв полуфинален натпревар од плеј-офот за шампионската титула. Но, играчите на МЗТ најдоа начини да ја намалат таа висока негатива. До големиот одмор „сино-белите“ надополнија девет поени. Имаа и тоа како „добри“ (37:44) по 20 минути од играта.

Третиот период беше вистинско враќање на гостите кои не само што фатија резултатски приклучок, туку стигнаа и до нерешени бројки. На три минути пред истекот на третата четвртина беше и нерешено (51:51), откако погоди Бојиќ. Тој стана третиот двоцифрен кошаркар во гостинската екипа, покрај Стојановски и Олуџоби. И прв со дабл-дабл ефект на мечот (плус 10 скока, половина од нив беа офанзивни). Водството остана за Пелистер, по 30 минути беше (59:55).

Но, за кратко, затоа што по тројката на Стојановски, МЗТ Скопје поведе за првпат на овој меч. Во 32 минута беше 63:61, а по втората тројка во овој период од играта во полуфиналето, која исто така ја даде капитенот, МЗТ Скопје Аеродром дојде и на уште повисоки (71:66), но до крајот на играта останаа само четири минути.

„Пелистерци“ имаа сериозен проблем како да реализираат од линијата за слободни фрлања. На крајот, тој доста битен момент „влијаеше“ и на конечниот исход. На другата страна, Мекиќ беше „мирен“ од истата позиција, Во последните 60.секунди му доенсе на МЗТ Скопје Аеродром и недостижни (79:72).

За посакуван „брејк“ на МЗТ во Битола и меч-топка за два дена во „Јане Сандански“ и пласман во ново финале, и битката за шампионскиот пехар. На денешниот меч за Пелистер најефикасни беа Калахан и Кесар со по 16 поени, а на спротивната страна Бојиќ запиша 17 коша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот