Плеј-оф, ЕП: Македонија со предност против Косово! (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нашите најдобри фудбалери имаат позитива после првото полувреме против селекцијата на Косово со 2:1 во полуфиналето од Лига Д во Лигата на нациите.

Македонија поведе со автоголот на Алити по шут на Ристовски во 16 минута, а десетина минути подоцна Хадерџонај израмни со удар од далечина по грешка на нашите дефанзивци.

Кратко траеше радоста на гостите, бидејќи после изведениот слободен удар на Барди, највисоко скокна Велкоски за 2:1.

Доколку вечерва оствари победа, нашата репрезентација ќе игра во финалето со селекцијата на Грузија.

Победникот во финалниот дуел во Тбилиси ќе игра на ЕП 2021.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот