Плажите во Флорида ќе бидат повторно затворени поради непочитување на мерките

Фото: Профимедиа

Повеќе плажи во американската држава Флорида ќе бидат повторно затворени за да не се собираат голем број луѓе во обид да се спречи натамошно ширење на коронавирусот.

Гувернерот на таа американска држава Рон Де Сантис рече дека собирите на млади доведуваат до зголемување на бројот на пациенти.

Властите во таа земја најавија забрана за консумирање алкохол во баровите, а причината, како што појасни Де Сантис, е „широко распространето непочитување на мерките”.

Во округот Броуард неколку ресторани беа затворени затоа што не го почитувале ограничувањето за бројот на гости и обврската да носат маски.

Властите во Броуард и Мајами-Дејд најавија дека ќе ги затворат плажите за време на одбележувањето на американскиот национален празник – Денот на независноста, на 4 јули.

Во Флорида во последните 24 часа се регистрирани 8.300 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 29 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот