Платите во МВР ќе пораснат за пет отсто од септември, Владата го поддржа покачувањето

Полицајци обезбедуваат избирачко место / 17 октомври 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

На денешната владина седница се донесени повеќе одлуки, а меѓу нив, поддршка доби покачувањето на платите во Министерството за внатрешни работи за пет отсто од септември.

„Владата го задолжи министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од пет проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите“, се вели во владиното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот